Ангеловска: Ако останавте без работа во периодот од 11 март до 30 април, пријавете се за паричен надомест до 26 јуни

Сите кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ, лична изјава или добиле отказ, ќе може два месеца да примаат паричен надоместок. Во тек е аплицирањето во Агенцијата за вработување што ќе трае до 26 јуни, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска на својот профил на Фејсбук. Таа потенцира дека при креирање на мерките Владата се погрижила и за оние чии работни места се затвориле како резултат на кризата.

„Финансиска поддршка за граѓаните кои го изгубиле работното место како резултат на Ковид-19 кризата со цел полесно да го премостат овој период. При креирање на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но, секако дека при креирање на мерките Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност“, напиша Ангеловска.

error: Content is protected !!