EK: Македонија со 0.2%, а Србија со 5% раст на БДП во првиот квартал од 2020 година
Македонската економија во првиот квартал од годината забележала незначителен раст од 0,2% и заедно со Албанија се на дното по економски раст во регионот, покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во земјите од регионот на Западен Балкан вклучително и Турција.
Највисок раст на БДП од 5% има Србија, по која ја следи Турција со 4,5%. Потоа следат Црна Гора со 2,7%, Босна и Херцеговина од 2,0% и Косово 1,3%, Македониај со 0,2%, додека Албанија пак има негатива од минус 2,5%. Покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на БДП во првиот квартал.
Според ЕК, растот на БДП на земјите од регионот се должи на зголемените бруто инвестиции, државна и лична потрошувачка и состојбата на залихите. Растот на државната потрошувачка има раст од 12% на годишно ниво, додека бруто инвестициите во основен капитал пораснаа за 10,7%. Кога се работи за личната потрошувачка, таа бележи раст од 3,2% на годишно ниво.

