Костовски за Фактор: Народна банка не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме

Откако попладнево на пресконференција гувернерката на НБМ Анита Бежоска Ангеловска соопшти дека ја укинува дозволата за работа на Еуростандард банка и дека утре пред судот ќе предложи стечај за банката.

Се огласи за Фактор сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски.

„Народна банка цела година не држеше под строги мерки и не ни дозволуваше да работиме и да заработиме. Како можеме да ја подобриме состојбата на банката кога Народна банка цела година не држи под строги мерки. Ако не можеш да работиш, не можеш ниту да заработиш за да ја подобриш состојбата“, вели Костовски за Фактор.

Бизнисменот нагласува дека за изминатата година кога Еуростандард била под строги мерки, неа само дополнително и се влошило портфолиото.

„Практично, ние имавме забрана за работа од НБМ. Како во тој случај да се подобри состојбата. Исто така, НБМ не прифаќаше ниту еден од нашите предлози за надминување на состојбата и за евентуална продажба на банката“, вели Костоовски за Фактор.

За оваа одлука на НБМ вели дека е еднострана одлука на НБМ.

„Ако веќе беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година, а не за овој период уште дополнително да заглавиме со 15 милиони евра“, вели Костовски за Фактор.

error: Content is protected !!