Нема ниту еден македонски универзитет во најдобрите 1000 универзитети на Шангајската листа

Осумнаесетта година по ред, американскиот универзитет Харвард е на врвот на листата составена од независната консултантска агенција Шангај Ранкинг консултанс.

Во топ 10 универзитети според Шангајската листа сите се американски со исклучок на британските Кембриџ и Оксфорд.

Шангајската листа се објавува од 2003 година, каде според шест критериуми се рангираат 1000 универзитети од 1 200 регистрирани ширум светот.

Критериумите вклучуваат: број на добитници на Нобелова награда меѓу поранеши студенти, број на истражувачи кои најмногу се споменуваат во нивните дисциплини и број на публикации во специјализираните списанија Science и Nature.

Македонските универзитети ни годинава не се најдоа на оваа листа, а ист е случајот и со универзитетите од Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Од регионот, Грција има 6 универзитети меѓу најдобрите 1 000, додека Србија и Хрватска по еден.

error: Content is protected !!