Тевдовски си замина од Македонија, ќе работи во Вашингтон за ММФ

Екс министерот за финансии Драган Тевдовски, чии идеи за прогресивен данок не и се допаднаа на бизнис заедницата, си заминал деновиве од Македонија, објави Независен.

Тој отпатувал во Вашингтон каде што ќе работи во Меѓународниот монетарен фонд. Тој е еден од низата македонски високообразовани кадри кои завршија во двете најмоќни банки во светот изминатите години, објави Независен без да наведе на која позиција во ММФ ќе работи Тевдовски.

Претходно поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски од 2001 до 2006 година работеше во Светска Банка, каде бил водечки економист за развојни политики во одделението за операциони политики и услуги за земјите членки.

error: Content is protected !!