Од декември цигарите ќе поскапат за 5 денари, а кутиите ќе станат двојазични
Од декември цигарите ќе поскапат за 5 денари, поскапување стана редовна практика во последните неколку години.
Согласно измените во законот за тутун кој стапи на сила лани во мај, производителите имаа 18 месеци за да ги прилагодат производите на новите барања. Рокот истекува кон крајот на ноември и од тогаш на амбалажата освен на Макеоднски јазик, текстот ќе биде испишан и на Албански однсно на писмото кое го употребуваат најмалку 20% од населението.
Друга промена ќе биде обликот и бројот на цигари. Во продажба нема да може да се пуштаат кутии кои не се квадар и бројот на цигари не смее да биде помал од 20.
