Груби: Проблем е што во приватните фирми има само Македонци

За Артан Груби е проблематично што во некои приватни фирми биле вработени само Македонци. Според првиот вицепремиер, тоа не било во духот на Охридскиот рамковен договор. Тој вели дека државна помош за етничките вработувања во приватниот сектор би била уставна мерка, бидејќи договорот потпишан во Охрид во 2002 година, се залагал за еднаквост на сите граѓани на Македонија. Груби најави и други начини на помош освен субвенции.

-Ако ја видите етничката застапеност во сите тие компании, па без малку би биле претставени 100 проценти од македонската етничка заедница, таму нема ниту Роми, ниту Турци, нема ниту Бошњаци, нема ниту Власи, ниту Срби, па ниту Албанци по некои од тие компании. И затоа велиме да има еднаков пристап, дали тоа ќе биде преку субвенција, преку други форми на соработка со тие компании, посебно преку фаворизирање на преземање соработка или аплицирање во државни фондови, изјави Груби.

Видео од изјавата на Груби за Алфа:

error: Content is protected !!