Со американскa поддршка Македонија треба да се приклучи на терминалот за природен гас во Александропулос

Премиерот Зоран Заев по средбата со помошникот државен секретар за енергетика на САД, Францис Фанон, изјави дека со поддршка на САД ќе иницираме значајни проекти за Македонија и регионот, меѓу кои вклучување во изградбата на терминалот за течен природен гас во близина на Александропулос, проект кој создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на Македонија.

Тоа што го гледаме овде е еволуција на нов енергетски развој и можност за приклучок кон енергетскиот систем на Грција како предводник во регионот со оглед на нивната инфраструктура и ресурси, оцени американскиот помошник државен секретар за енергетика Францис Фанон. Тој изрази задоволство што македонската Влада покажала интерес за вклучување во проектот „Александропулос”.

Фанон додаде дека нашата земја е важна во однос на географијата како регионален центар за рафинирани производи, увоз на такви производи, дистибутивна мрежа, што значи поголема отпорност и во однос на гасот. Меѓутоа, како што додаде, потребна е политичка волја за ваквата визија да стане стварност и нагласи дека САД сака да ги поттикне и своите инвестиции. Тој рече дека САД даваат поодршка во однос на прашањата за нафтоводот со „Хеленик петролеум”.

Премиерот Заев рече дека поврзувањето со Грција, со поддршката од САД и ЕУ, ќе ја направи нашата земја енергетски коридор за државите од Југоисточна Европа за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси. Ова поврзување е можност за добивање гас од Азербејџан.

„За време на посетата во Атина добивме поддршка од конзорциумот „Гастрејд” за вклучување во изградба на терминалот за течен приорден гас во близина на Александропулос. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со гас на нашата земја, која ќе стане и точка од каде гасот ќе се дистрибуира во регионот и земјите што ќе покажат интерес”, рече Заев.

На средбата, како што соопшти, е разговано и за повторно ставање во функција на гасоводот Солун-Скопје изграден во 2000 година и кој не е во функција веќе седум години. Заев е оптимист дека на претстојните преговори со „Хеленик петролеум” ќе се најде, како што рече, пријателско решение, овој капацитет брзо да биде ставен во функција. Тој оцени дека компанијата „Хеленик петролеум” е заинтересирана капацитетот да го надгради како продуктовод на деривати, со што би бил создаден хабцентар и за други пазари.

„Повзувањето со Грција со поддршка од САД и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈИЕ за алтерантивен пристап до значајни енергетски ресурси”, рече премиерот.

Фанон пак, додаде дека проектот ќе има значителни геополитички импликации, бидејќи во моментов регионот има ефективно еден добавувач на енергија и кога која било држава е зависна само од еден снабдувач тоа влијае на начинот на кој таа може да ги реализира своите политики.

„САД има долгорочен интерес за енергетската безбедност во однос на зависноста од енергија и многу години всушност од времето на претседателот Реган сака да промовира диверзификација на снабдувањето со енергија, рути на снабдување и со тоа се создава еден таков круг на опции и се создава и пазар. Секако американскиот гас е една од значајните опции. САД само што почна да извезуваат гас од 2016 година и по три години бевме трет најголем извоник на течен гас и се надеваме дека ќе бидеме и први. Со ова се создаваат поголеми опции на глобалниот пазар, меѓутоа гледаме и случувања во источниот дел од Медитеранот, во Израел, Кипар, Египет. Целиот регион е динамичен“, рече Фанон..

Изградбата на интерконекторот со Грција ќе изнесува 54,4 милиони евра, со грант од ЕУ преку Берлинскиот процес во износ од 13 милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!