Стапката на невработеност во еврозоната продолжува да расте

Стапката на невработеност во еврозоната продолжи да расте во август, петти месец по ред, достигнувајќи ниво од 8,1%, објави Заводот за статистика на ЕУ, Евростат.

Истиот тренд е забележан во 27-члената Европска унија, каде невработеноста се зголеми на 7,4% во август.

Според Евростат, 15,6 милиони мажи и жени биле без работа во ЕУ во август, од кои 13,18 милиони се невработени во еврозоната.

Во споредба со јули 2020 година, бројот на невработени во Унијата се зголеми за 238.000 во август, а во еврозоната за 251.000.

error: Content is protected !!