Владата го усвои предлог законот за спогодбено решавање на спорот меѓу Владата и „Макпетрол“ за гасоводниот систем

Владата денеска на деветтата седница го разгледа и усвои Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба, со заклучок тој да биде испратен на усвојување во Собранието.

– Со Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје по пат на спогодба се решава долгогодишниот спор во врска со утврдување на учеството на секоја од страните во реализација на изградбата на гасоводниот систем во Република Македонија, со што се постигнува надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки, соопшти владината прес-служба.

error: Content is protected !!