Зголемувањето на јавниот долг ќе ја забави македонската економија
Минусот во државната каса ќе доведе до стагнација на македонската економијата. Економистите се децидни, доколку јавниот долг достигне 60,5 осто од бруто домашниот производ не треба да очекуваме развој на економијата на долг рок. Државата во наредните години ќе функционира само за да ги отплаќа земените заеми, наместо да вложува во развој на опшеството, објави Алсат.
„Не верувам дека ќе имаме проблем да ги вратиме долговите, имајте во предвид дека дефицитот од 900 милиони евра ја вклучува и ратата од 700 милиони евра оваа година, но тоа што ќе се случи е дека нема да имаме прогрес во економијата, нема да имаме економски развој, бидејќи најголемото собирање на пари ќе се концентрира во враќањето на овие долгови“, изјави Гадаф Реџепи Универзитетски професор за Алсат.
Државата следната година треба да исплати долгови во висина од 710 милиони евра. Од кои половина милијарда евра треба да се вратат во јули за земената еврообрзница од 2015 година. Остатокот се 100 милиони долгови од домашно задолжување, и уште 110 милииони на заеми од странство.
