Во Липково ќе се гради брана вредна 22 милиони евра

По предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја донесе Информацијата за одобрување на тендерската постапка од пред неколку години за изградба на брана на река Слупчанска.

Инвестицијата вредна околу 22 милиона евра или 1.342.000.000 денари, ќе треба да се реализира за четири години.

-Ова е најголемата капитална инвестиција што ќе се случи во Општина Липково. Со ова се очекува да биде целосно решен проблемот со вода за пиење и наводнување на земјоделските површини, наведува ресорното Министерство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!