Поради роботизацијата 85 милиони луѓе ќе останат без работа, но ќе се отворат нови 97 милиони работни места

Во новиот извештај на Светскиот економски форум се наведува дека роботизацијата ќе доведат до губење на 85 милиони работни места за луѓето во средни и големи компании наредните пет години, а Ковид-19 ќе ги забрза промените на пазарот на трудот.

Но, Светскиот економски форум очекува да се отворат дополнителни 97 милиони работни места поради потребата од одржување на автоматизацијата. Со други зборови, поради зголемувањето на автоматизацијата, ќе бидат вработени 12 милиони луѓе.

-Имаше забавување на стапката на раст за создавање нови работни места, изјави директорот на СЕФ, Садија Захиди, за CNBC.

-Ова не е изненадувачки со оглед на затворањето на економските активности заради коронавирусот и рецесијата што следеше. Сепак, во исто време, гледаме дека стапката на отворање нови работни места сè уште ја надминува стапката на нивно намалување, според проекциите на раководителите на човечки ресурси во компаниите и водечките донесувачи на одлуки, додаде Захиди.

Светскиот економски форум очекува за пет години работата ќе биде подеднакво поделена меѓу луѓето и машините, односно дека компјутерите ќе преземат значителен дел од работата, која се состои од административни задачи и рутинска мануелна работа.

Зголемувањето на автоматизацијата ќе бара значително ниво на преквалификација и стекнување дополнителни вештини со цел работниците да бидат подготвени за иднината на работата. Проценките на СЕФ велат дека на половина од работниците во светот ќе им треба некаква дополнителна обука во следните пет години.

error: Content is protected !!