Костовски: Никогаш не сум дозволил да има перење на пари, а Вашите и моите финансиски средства се украдени во Македонија и тие пари се тука

Бизнисменот Трифун Костовски кој беше главен акционер на Еуростандард банка која отиде во стечај на Фејсбук напиша дека за време на неговиот мандат како акционер и член на Надзорен Одбор во Еуростандард Банка, не дозволил да има перење на пари, а дека неговите и парите на штедачите се украдени и се наоѓаат во Македонија.

-Штедачите имаат право да ја бараат правдата и сопствените пари. За време на мојот мандат како акционер и член на Надзорен Одбор во Еуростандард Банка, никогаш не сум дозволил да има перење на пари, и ве убедувам во тоа. Сакам да знаете дека Вашите и моите финансиски средства се украдени во Македонија и тие пари се тука.

Со цел да се скрие организираниот криминал Народна Банка беше само извршител на нарачателот на овој чин. Бидете убедени, да имаше стамени луѓе на функцијата Гувернер, немаше да се случи вакво нешто. Да бевме ние акционерите незаинтересирани да ја спасиме банката тогаш би го сфатил овој потег на Народна Банка. Почитувани оштетени штедачи, се работи за организиран криминал.

Ова не се поединечни кражби, институциите на системот за гонење на ваков криминал во моментов ми изгледаат како „заробени” од актуелната власт. Повторувам … Народна Банка беше само егзекутор кој до крај ќе ја прати оваа егзекуција, бидејќи е член на Одборот на доверители, со цел да го контролира целиот процес, напиша Трифун Костовски на Фејсбук.

Штедачите имаат право да ја бараат правдата и сопствените пари. За време на мојот мандат како акционер и член на…

Posted by Трифун Костовски on Понеделник, 14 декември 2020

error: Content is protected !!