Во Шведска се продадени повеќе електрични отколку класични автомобили

Во ноември во Шведска е соборен рекорд кога станува збор за продажба на автомобили на електричен погон. Во сегментот патнички автомобили, пазарниот удел на електричните автомобили изнесувал 38,7%, што е многу повеќе во споредба со 14% од ноември 2019 година, пренесува Банкар.

Од друга страна продажбата на традиционалните (бензиски и дизел) автомобили паднала на 37,1 %, а тоа значи дека автомобилите на електричен погон за прв пат ги надминаа автомобилите со внатрешно согорување.

Најдобро продаван автомобил во ноември e Volkswagen ID.3.

error: Content is protected !!