Заев: Индустријата за канабис ќе биде еден од 10-те најголеми приоритети на земјата во 2021 година

На вчерашната прес-конференција Премиерот Зоран Заев изјави дека индустријата за одгледување канабис ќе биде еден од 10-те најголеми приоритети на Македонија во 2021 година.

– Политиката на владата е не само да ги препорачува, туку да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис, кој во нашата земја отвора илјадници нови доброплатени места искуствата на други држави како Холандија, Канада и Чешка, кажуваат дека овие земји годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност, рече Заев.

Заев најави измени и дополнувањата на законот за опојни дроги.

– Тоа ќе овозможи извоз, нови инвестиции и развој, како и 250 милиони евра производство во 2021, истакна Заев, кој додаде дека маслата од канабис и други продукти влијаат позитивно на лекувањето на мултиплекс склероза, ХИВ, паркинсонова болест, епилексија и малигни заболувања.

Заев истакна дека не е во ред да се оди во затвор за пола грам природен канабис за лична употреба и дека во 2021 година ќе се одржи и отворена дебата за легализација на марихуаната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!