Словенија се задолжи со негативна каматна стапка со најновото задолжување ќе заработи 17 милиони евра!

Откако Германија во 2016 година се задолжи со негативна каматна стапка, а во 2019 и 2020 година тоа го направија и Велика Британија, Јапонија и уште неколку држави.

Словенија е најновата држава која се приклучи на клубот кој се задолжува со негативни каматни стапки.

Тоа значи дека наместо да врати повеќе пари поради каматата, дека ќе заработи повеќе пари од каматата.

Словенечкото министерство за финансии објави дека се задолжи со две милијарди евра на меѓународниот финансиски пазар со издавање на обврзници со 10-годишна и 30-годишна рочност.

-Словенија издаде десетгодишна обврзница со камата до доспевање во висина од – 0,096 проценти и купонска каматна стапка од 0% во висина од 1,75 милијарди евра, што значи дека при исплатата на заемот кон инвеститорите ќе добие 17 милиони евра кои нема да треба да се враќаат, објаснуваат од Министерството за финансии на Словенија.

error: Content is protected !!