Битиќи најави преструктуирање на претпријатијата во државна сопственост кои со години остваруваат загуби

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави преструктуирање на претпријатијата во државна сопственост посебно кај оние кои со години остваруваат загуби.

Тој учествувајќи на дебата на „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори“ рече дека пред одлуката како ќе се реализира преструктуирањето ќе се подговат физибилити студии.

– Започнат е процес на избор на компании за физибилити студија за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД ЕСМ – рече Битиќи.

Според него, според податоците од физибилити студијата ќе се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање на овие претпријатија, дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на истите.

– Ако направените студиите покажат дека некое од претпријатијата можат да бидат самоодржливи со сегашниот статус ќе бидат направени планови за внатрешни промени кои ќе им овозможат да го подобрат нивното работење или да работат со позитивен финансиски резултат -рече Битиќи.

Моментално во државата функционираат вкупно 145 јавни претпријатија во државна сопственост или во сопственост на локалната самоуправа, со вкупен приход од околу 810 милиони евра, а во кои работат околу 29 илјади лица.Поголемиот дел од нив работат зо загуби.

error: Content is protected !!