УНИБанка ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници

УНИБанка” на 22.01.2021 година ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Известувањето за исплатата на камтата е објавено од страна на Банката преку Соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21.01.2021г.

Вкупната номинална вредност на емисијата изнесува 5 милиони евра. Обврзницата е без рок на доспевање, со фиксна каматната стапка од 9% на годишно ниво за првите пет години, по завршување на овој период каматната стапка се зголемува на 11%. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1.000 евра.

Перпетуалната обврзница е котирана и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

Во јануари 2019 година Комисијата за хартии од вредност одобри издавање на перпетуална обврзница со која „Уни банка“ во приватна понуда за познати инвеститори, со чија обврзница „Уни банка“ обеззбеди свежи 5 милиони евра.

Со тоа Унибанка влезе во корпоративната историја на Македонија како прва банка која издаде перпетуална обврзница на домашниот пазар. А парите од продажбата на обврзницата беа ставени во основната главнина на банката.

error: Content is protected !!