Германската компанија „Ипротекс“ ќе инвестира пет милиони евра во ТИРЗ Скопје

Германската компанија „Ипротекс“ ќе инвестира пет милиони евра во Технолошко-развојната зона Скопје од кои 20% се вложувања во градежниот објект, а останатите 80% во нови технологии.

Компанијата се занимава со изработка на материјали за автомобилската индустрија, за технички текстил и термоизолациски материјали.

Веќе се ангажирани 25 лица кои, кои според изјавите ќе примат просечна плата која е за 10% повисока во однос на просечната плата исплатена во зоните.

Објектот ќе се протега на површина од 49.000 метри квадратни, а планирано е да започне со работа на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Согласно законската регулатива на компанијата и следат до 50 проценти поддршка во однос на реализацијата на инвестициските трошоци, а нема да користи државна помош за работните места.

– Договорот беше заклучен кон крајот на минатата година. Работиме на моделот малку да го рекструираме односно да имаме поголема фелскибилност, меѓутоа за овој договор имаме стандардна структура што предвидува 20 проценти од овие 50 проценти да бидат финансиски средства, но субвенции во вкупен износ не поголем од 800.000 евра, а останатите да бидат даночни и царински ослободувања што компанијата ќе може да ги користи.

Не станува збор за рекордно големи бројки, меѓутоа е важен чекор напред кон реализација и наша поставена цел, а тоа е да креираме работни места, но добро платени работни места. Веќе во моментот имаме 25 лица кои се ангажирани, а компанијата има деловен план само во оваа фаза да достигне бројка до 30 наши сограѓани кои ќе го остваруваат своето право за пристојна заработувачка, истакна Деспотовски по потпишувањето на договорот.

Дел од деловните активности, компанијата ги сели во земјава. Не станува збор за елементи кои имаат пониска додадена вредност, туку цела производствена линија која ќе се реализира исклучиво во Македонија. Планираните приходи се околу 800 илјади до 2023 година, а во период од 10 години компанијата планира раст на приходите од скоро шест пати.

Германската компанија е основана 1999 година и има шест фабрики на четири континети. Годишниот обврт е над 30 милиони евра.

error: Content is protected !!