Според Државниот завод за статистика просечната плата се покачила за 1800 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во ноември 2020 година изнесувала 27.588 денари и е повисока 7 % во однос на истиот месец во 2019 година, поточно 1.801 денари.

Во согласност со податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020, во споредба со истиот месец 2019 година, регистрирано е зголемување на нето-платата за вработен во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (8,5 %), во преработувачката индустрија (7,3 %), снабдување со електрична енергија, гас, пареа, климатизација (4,9 %), информации и комуникации (9,4 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (2 %), како и во други многубројни дејности.

Дополнително, ваквото зголемување во најголем дел се должи и на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (11,2 %), дејности на здравствена и социјална заштита (11,2 %) и образование (9,5 %).

Вработените во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности во ноември лани земале просечна нето плата од 66.556 денари.

error: Content is protected !!