МКД.MK:Ниту еден странец не побарал македонско државјанство во замена за инвестиција од 200.000 евра

Странските државјани-бизнисмени немаат интерес за добивање македонско државјанство по однос на инвестирање капитал од најмалку 200 илјади евра или „со покажан особен економски интерес“, но има решенија за пасоши од „економски интерес“, покажуваат податоците што ги доби МКД.мк од Министерството за внатрешни работи.

„Во Министерството за внатрешни работи досега нема поднесено барање од особен економски интерес, односно странец кој поднел барање за стекнување на државјанство на Република Северна Македонија, инвестирал капитал во износ од најмалку 200.000 евра по лице, во период од најмалку две години, во приватeн инвестициски фонд, а утврдувањето на постоење на особениот економски интерес го оценува Фондот за иновации и технолошки развој“, велат од МВР во изјава за МКД.мк.

Во писмениот одговор што го доби МКД.мк стои дека „во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија од економски интерес донесени се 143 решенија, од кои 105 лица се примени од економски интерес, а 38 се одбиени од економски интерес, според член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија и Уредбата за утврдување на критериумите за особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес за стекнување на државјанство на Република Македонија (,,Сл. весник на РСМ,, бр.9/05, 161/12, 255/19 и 42/21)“.

Пред неколку дена странски медиуми објавија дека владина Програма за државјанство со инвестиции во Македонија е ограничена на 1.000 апликанти, а Владата, како што се наведува во објавата, сака да привлече меѓународни таленти и инвеститори кои ќе ја поддржат и засилат локалната економија.

„Апликантите треба да инвестираат 200 илјади евра во социјалниот и развоен инвестициски фонд по што ќе можат да аплицираат за македонско државјанство и пасош за нив и за нивните семејства за само 3 до 4 месеци“, пишува во објавата.

Целата статија на МКД.МК можете да ја прочитате ТУКА.

error: Content is protected !!