Директорката на УЈП, Лукаревска: 54.662 работници се уште не ја добиле мартовската плата

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска откри дека 54.662 работници се уште не ја добиле мартовската плата.

– До законски предвидениот род до 15 април бруто плата не исплатиле 14.998 работодавачи за 54.662 вработени лица, рече Лукаревска.

Според неа тоа најмногу се должи поради неисплатената помош од петтиот економски пакет кој беше заглавен во Собранието.

За разлика од март, февруарската плата не ја исплатиле 3.774 работодавачи за 9.947 работници.

error: Content is protected !!