Српскиот стартап Nordeus продаден за 378 милиони долари на американска компанија

Српски Nordeus e продаден на американската компанија Take-Two Interactive Software, а конечната цена би можела да достигне 378 милиони долари, пренесува businesswire.

Како што објави Take-Two Interactive Software ќе плати 225 милиони долари однапред во кеш и акции во вредност од 90 милиони долари, но конечната цена би можела да достигне 378 милиони долари, објавува businesswire.

Покрај тоа, договорот исто така вклучува и компензација за заработка заснована на резултатите на Nordeus во EBITDA над одредени прагови во текот на секоја од првите две години.

Дел од кеш плаќањето ќе биде финансирано од готовината со која располага Take-Two.

Nordeus е основан во 2010 година, и се занимава со развој на мобилни игри, седиштето им е во Белград. А канцеларии имаат во Лондон, Даблин, Сан Франциско и Скопје, а најпозната е по „Top Eleven “, најуспешната игра во светот за менаџирање со фудбал во светот со над 240 милиони регистрирани корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!