По Чифлиганец уште еден градежник купи акции во Комерцијална банка

Фатмир Етеми, член на Надзорниот одбор на Комерцијална банка е купувачот на 4.312 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, известија денеска од банката. Овие акции беа продадени во блок трансакција минатата недела, а за нив Етеми плати 37.730.000 денари или околу 613.000 евра.

Истиов месев ,,Адора Инженеринг“ на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец во еден блок купи 48.837 акции со право на глас за кои плати 6,95 милиони евра. Оваа компанија сега е единствениот акционер со над 5 отсто од акциите со право на глас и во моментов поседува 14,99%.

Етеми е член на Надзорниот одбор од 2018 година кога немаше акции во банката. Инаку акционер во банката е преку неговата градежна компанија ЗСФ ком каде е управител.

error: Content is protected !!