И Македонија ќе поддржи глобален минимален корпоративен данок од 15%

Македонија е меѓу 131 земја која што ги поддржува договорот во рамки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) кој предвидува решение со два столба за даночните предизвици што произлегуваат од дигитализација на економијата. Првиот столб има за цел да обезбеди поправедна распределба на профитот и даночните права меѓу земјите во однос на најголемите мултинационални компании, кои се победници на глобализацијата.

Вториот столб, пак, предвидува воведување глобален минимален корпоративен данок од 15 отсто. Во извештајот се вели дека со ова не се елиминира даночната конкуренција, туку се поставуваат мултилатерално договорени ограничувања за тоа, објави Независен.

Учесниците во преговорите поставија амбициозен временски рок за нивно завршување до октомври, финализирање на договорот до крајот на оваа година, како и негова ефективна имплементација во 2023 година.

Идејата за минимален глобален данок од 15 отсто за големите мултинационални компании прво ја иницираа САД, односно претседателот Џо Бајден, со цел да се спречи таканаречената трка до дното и настојувањето државите да привлекуваат големи компании со ниски даноци, но и поради практиката мултинационалните компании успешно да избегнуваат да плаќаат даноци во земјите каде што се присутни и нудат одредени услуги или производи.

Оваа иницијатива ја поддржаа и другите најразвиени земји во светот во рамки на Г7 и Г20, а помасовна поддршка доби во ОЕЦД, со значајно зголемување на држави и територии кои што се залагаат за воведување ваква минимална даночна стапка на глобално ниво. ОЕЦД со години ги координира даночните преговори меѓу 140 земји за правилата за оданочување на прекуграничните дигитални услуги и за ограничување на ерозијата на даночната основа, вклучувајќи го и глобалниот минимален данок на компаниите.

Списокот на земји кои ги поддржуваат преговорите во рамки на ОЕЦД кои вклучуваат и минимална стапка од 15 отсто за корпорациите.

One thought on “И Македонија ќе поддржи глобален минимален корпоративен данок од 15%

  • April 15, 2024 at 7:10 am
    Permalink

    Wow, superb blog structure! How long have you ever been blogging for?

    you make running a blog glance easy. The whole glance of your site is excellent, let alone the
    content material! You can see similar here sklep internetowy

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!