Србија изгради железничка делница каде возовите ќе се движат со 200 километри на час

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по повод завршувањето на градежните работи на делницата од пругата Стара Пазова -Нови Сад, на најубавиот дел од пругата од Белград до границата со Унгарија, најави дека граѓаните на Србија за шест месеци ќе можат со брза железница од 200 километри на час да се возат од Белград до Нови Сад.

-Ќе имаме врвни швајцарски возови, но и таква услуга во нив. Првиот двокатен воз пристигнува до крајот на октомври, а другите во февруари. Ги реновираме сите станици, сите се нови, ова се речиси ненормални промени.Луѓето се смеат кога ќе слушнат дека ова е подобро отколку во Швајцарија, но е подобро отколку во Швајцарија. Се срамиме од самите себе и нашите успеси. Среќен сум што луѓето ќе можат да изберат дали ќе возат 200 или 120-130 километри на час, изјави Вучиќ.

Делницата Стара Пазова-Нови Сад е дел од новата брза железница Белград-Будимпешта. Вкупната вредност на изградбата на пругата Белград-Будимпешта преку Србија е околу две милијарди долари

error: Content is protected !!