Ќе плаќаме ли повисоки сметки за струја по Нова година? Државни електрани не дале понуда на тендерот на ЕВН Хоум

ЕСМ (Електрани на Северна Македонија) не дал понуда на тендерот на универзалниот снабдувач – ЕВН Хоум за малите потрошувачи и домаќинствата за 2022та кој заврши денеска, потврдија од ЕВН за Канал 5 и посочија дека тендерот повторно ќе го објават.

Државните електрани, според закон треба да обезбедат најмалку 60% од потребните количини струја за домаќинствата. ЕСМ сега на ЕВН Хоум ја продава струјата по 37 евра за мегават, додека таа на светските берзи чини над 200 евра.

Енергетските експерти изминатиов период алармираа дека не чека скапа-студена зима, бидејќи државата не произведува доволно, затоа што изминативе децении не се инвестирало во енергетиката, па сме зависни од увоз кој во моментов е многу скап. Цените на светските берзи не се симнуваат под 200 евра за мегават.

Владата прогласи кризна состојба во времетраење од 30 дена и на ЕСМ им префрли 65 милиони евра. Што се ќе покрие електростопанство со парите не е познато. Допрва треба да стигне и фактурата за влечењето струја од Европа.

Минатата недела првиот човек на Европската енергетска заедница Јанез Копач порача домаќинствата да се подготват за повисоки сметки за струја, бидејќи во светската криза ќе успеат само оние држави со големо домашно производство, што не е случај со Македонија.

error: Content is protected !!