Битиќи:Електричната енергија во иднина ќе биде поскапа затоа што ќе се произведува од обновливи извори

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека електричната енергија во иднина ќе биде поскапа затоа што ќе се произведува во услови на еколошки чиста животна средина. Производството од фосилни горива, кои се повеќе недостасуваат во Македонија, е поевтина варијанта, според владиниот функционер, но тоа носело загадување.

– Овде за прв пат можам да кажам дека сум целосно незадоволен, но тоа е резултат на лошото менаџирање во последните 20 години на енергетскиот сектор. Сите ние во наредните години ќе ја плаќаме цената на тоа лошо менаџирање. Не може енергетскиот сектор никаде да се подобри во две години. За да отворите нов производствен капацитет ви се потребни две до три години, рече Битиќи.

Тој додаде дека инвестирањето во обновливи извори на енергија ќе ја надополни загубата, но цената ќе биде поскапа, односно струјата ќе биде поскап ресурс.

– Јагленот веќе ќе го нема. Ова ни се случува затоа што го немаме јагленот, или ако го имаме, тоа e сo многу понизок квалитет за производство, додаде вицепремиерот.

error: Content is protected !!