Заврши јавниот повик за избор на изведувач на делниците Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Македонија“ вчера успешно го заврши јавниот повик за понуди за избор на изведувач за рехабилитација и градба на фаза 1 од пругата Куманово-Бељаковце, и за фаза 2 реконструкција и изградба на делницата Бељаковце-Крива Паланка од железничкото поврзување на Коридорот 8, соопшти владината прес-служба.

Според утврдената постапка, во наредниот период следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, по што, откако заврши постапката за избор на надзорен инженер, се создаваат услови за остварување на најавата за отпочнување на градежните работи на овие делници од железницата на Коридорот 8 во првиот квартал на наредната година.

Средствата за целиот овој проект, како што е наведено во соопштението од Владата, се на располагање и се обезбедени преку кредит од страна на Европската банка за обнова и развој и инвестициски грант одобрен преку инструментот Инвестициски фонд за Западен Балкан на ЕУ.

error: Content is protected !!