Поскапување на цената на струјата во Македонија ќе има, само прашањето е за колку ќе поскапи
Никој не крие дека поскапување на струјата после Нова година ќе има, само прашањето е за колку ќе поскапи струјата наменета за домаќинства.
Според пресметките на експертите по енергетика струјата ќе поскапи за над 20% за домаќинствата после новогодишните празници, но според информациите што кружат околу државната ЕСМ поксапувањето на цената на струјата ќе биде за околу 10%.
Сега, цената по која државните електрани ја продаваат електричната енергија на Универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават, а на пазарите се продава и за цени поголеми од 200 евра за мегават час. На утрешната владина седница треба да се одлучува за колку ЕСМ да ја зголеми цената по која ја продава електричината енегија наменета за домаќинствата.
Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, во изјава за МИА вели дека намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година.