ТВ24:Првичните пресметки на ЕВН покажале дека е потребно зголемување на струјата за потрошувачите меѓу 20 и 30%

Идната недела на затворена владина седница се очекува да се разгледа и производниот и финансиски план на ЕСМ.

ТВ24 веќе објави дека неофицијално производната цена на струјата на ЕСМ кон универзалниот снабдувач, која е еден од главните критериуми за формирање на цената за домаќинствата, од сегашните 36 евра, ќе порасне на 45 евра за мегават – час, што е зголемување од околу 20 отсто. Уште едно од прашањата кое се отвара, а од кое исто така зависи крајната цена е дали ЕСМ ќе успее да обезбеди 100 проценти, доколку одлучи Владата, објави ТВ 24.

Извори кои биле присутни на состанокот на енергетските компании и Регулаторна пред две недели за ТВ24 брифираат дека и првичните пресметки на ЕВН покажале дека е потребно зголемување на струјата за потрошувачите меѓу 20 и 30%, и тоа во услови ЕСМ да снабдува 100% од струјата.

Но, од ЕВН за ТВ 24 велат дека е рано  за пресметки – прво треба да се знаат влезните параметри на државните компании.

error: Content is protected !!