Само 38 милиони евра странски инвестиции во третиот квартал годинава

Само 38 милиони евра е вкупната сума на странски инвестиции во третиот квартал годинава, пресмета Народната банка. Тоа е 170 милиони евра помалку, во однос на претходниот квартал.

-Во текот на третиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 38,6 милиони евра, како резултат на нето-приливи кај: сопственичкиот капитал (48,4 милиони евра) и реинвестираната добивка (26,2 милиони евра), при нето-одливи кај меѓукомпанискиот долг (од 36 милиони евра). Во периодот јануари-септември 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра, главно како резултат на реинвестираната добивка и сопственичкиот капитал (196,7 милиони евра и 113,2 милиони евра, соодветно), во услови на намалени нето-обврски врз основа на меѓукомпаниски долг (за 24,3 милион евра), објави Народна Банка.

error: Content is protected !!