Познатиот инвеститор Џереми Грантам: Американскиот пазар на капитал ќе доживее колапс!

Познатиот инвеститор Џереми Грантам (83) во својата објава најави колапс на американскиот пазар на капитал. Грантам предвидува пад на S&P за 50%.

Џереми Грантам е ко-основач на инвестициската компанија Grantham, Mayo, Van Otterloo, која управува со имот во вредност од 118 милијарди долари, а е познат по тоа што во неколку наврати најавува пукање на различни меури на средства. Во доцните 1980-ти, тој препозна знаци на „пренадуеност“ на јапонските пазари на недвижности и на акции, во 1990-тите тој успешно избегнуваше да инвестира во технолошки акции пред да пукне меурот од dot-com, а во својата писмена оценка детално ги објасни причините за кредитната криза 2007 – 2008 година. Во основа, неговата инвестициска стратегија се сведува на препознавање на високите цени на одредени видови средства и нивно избегнување.

Грантам ја опишува моменталната состојба на пазарот во САД како „супер балон“ – еден од четирите најголеми во последните сто години. Тој верува дека пукањето на овој балон ќе биде исто толку драматично како она во 1929 година, пукањето на dot-com во 2000 година и финансиската криза во 2008 година. Очекува берзанските индекси да се вратат на нивната статистичка „нормала“, или можеби дури и на пониски нивоа.

Грантам сега предвидвидува пад на најважниот индекс – S&P 500 – за 50%. Треба да се напомене дека некои индекси, како што е технолошкиот Nasdaq, веќе паднаа за повеќе од 8 проценти овој месец, а трендот се чини дека продолжува.

„Не бев сигурен за овој балон пред една година како што бев сигурен за технолошкиот балон во 2000 година, како што бев сигурен за Јапонија или балонот од 2007 година. Денеска чувствувам дека е блиску до сигурно“, рече Грантам.

Според неговата анализа, има многу докази за пренадуван балон на акции. Првите јасни знаци беа видливи во февруари 2021 година, кога разни високо шпекулативни акции и средства почнаа да паѓаат. Оттогаш, на пример, шпекулативниот фонд на Кети Вуд – Ark Innovation ETF – падна за 52%. Покрај тоа, Грантам на пазарот препознава знаци на лудо однесување на инвеститорите кои избезумено купуваат т.н. меме акции, а во целата атмосфера се вклопува и дивеењето на цените и екстремната нестабилност на пазарот на крипто валути.

„Списокот на сè што го прави супер балонот е во завршна фаза на составување и неговото нагло издишување може да започне во секој момент. Кога песимизмот ќе се врати на пазарите, ќе се соочиме со потенцијално најголемиот колапс на богатство во американската историја“, рече Грантам. Според неговата проценка ќе биде збришано богатство од 35 трилиони долари и тоа само во САД.

Инаку, овој познат инвеститор гледа супер меури и на пазарот на обврзници, но и на пазарот со стоки(commodity). Состојбата на пазарот на недвижности ја оценува како најголем и најекстремен балон во глобални рамки.

Она што го влошува балонот според инвеститорот, се екстремно ниските каматни стапки но и високи цени на обврзниците, како и балон со недвижностие како и започнувањето на дувањето на балонот кај стоките(Commodity).

-Сè има свои последици и овој пат последиците може, но не мора да вклучуваат неподнослива инфлација. Но, тие дефинитивно го вклучуваат најопасниот вид на преценување на имотот во финансиската историја, заклучи Грантам.

error: Content is protected !!