Владата најавува намалување на персоналниот данок во ИТ од сегашните 10% на 0%

До 2023 година, предвидуваме намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0% што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни се повеќе работници, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот најави дека до 2023 година, се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок од сегашните 10% на 0%, ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.

-Финансиската поддршка на Владата во перспективни компании и стартапи во ИКТ секторот ќе продолжи и ќе расте. Секое ново работно место во оваа индустрија значи добро платена позиција, сигурна кариера и развој на младите и конечно развој на економијата и раст на животниот стандард во земјата”, истакна премиерот Ковачевски.

error: Content is protected !!