Според Goldman Sachs доаѓаат уште потешки денови за тие што користат нафтени деривати

Цените на суровата нафта ќе треба да се зголемат на уште повисоко ниво за да се балансираат понудата и побарувачката на глобалниот пазар, смета инвестициската банка Goldman Sachs.

Цените ќе треба да изнесуваат во просек 135 долари за барел за 12 месеци, почнувајќи од јули, за да се нормализираат залихите до крајот на следната година, бидејќи кинеската побарувачка се зголемува а производството од Русија паѓа, напишаа аналитичарите Демиен Курвалин и Џефри Кари на 6 јуни.

Во моментов барел нафта на светските берзи е околу 118 долари за барел.

Цената на нафтата веќе пораснаа за повеќе од 50% оваа година, откако Русија ја нападна Украина во февруари, предизвикувајќи загриженост дали Русија и понатаму ќе може да снабдува, која е една од најголемите светски производители на сурова нафта во светот.

Иако руското производство досега беше повисоко од очекуваното, тоа дополнително ќе опадне за брзо време. Зголемената побарувачка од Кина, која беше пригушена со строгите локдауни што сега ќе се укинуваат, само дополнително ќе ги зголеми цените на нафтените деривати.

error: Content is protected !!