Фракционо банкарство: Борбата против слободниот пазар и „кејнзијанската“ квази-економија
„Државното стимулирање на економијата секогаш ќе носи инфлација. Инфлацијата потоа ги тера луѓето помалку да трошат, таквата намалена потрошувачка доведува до рецесија, во која пропаѓа се што е градено со инфлација.“ – Лудвиг фон Мизес
Од 2009 па наваму, државите се расфрлаа со стимулирање на економииите, поготово на банките. Малку беше тоа, банките добиваа и државни пари (Quantitative Easiness од времето на Обама и Бајден) со цел да ги намалат каматите до 0%…демек на тој начин бизнисите и граѓаните ќе доаѓале до поповолни кредити. 0% камата (па и 1 до 2%) значи дека НЕ се исплати да штедите, не се исплати луѓето да ги држат парите во банка.
Логично прашање, за кое не треба никаква експертиза:
– Од каде банките ќе најдат пари, ако нема штедење?
Одговор:
– Државата ќе им испечати!
Ете тоа е ФРАКЦИОНО БАНКАРСТВО, одвојување на штедењето и кредитирањето.
И ете на тоа се сведуваат сите „Државни економски политики“ „Поддршки за стопанството“ „Бизнис Стимулации“ „Државни Стратап Проекти“ „Помош за мали и средни претпријатија“ „Владини поддршки“ … се се тоа термини со кои се покрива вистината за печатењето пари, и сите негативни реперкусии кои потоа следат.
Оваа политичка несериозност кон парите и обичните луѓе, е измислена од Џон Мајнард Кејнз, додека неговите следбеници носат академско име „Кејнзијанци“. Речиси сите дипломирани економисти во Македонија се Кејнзијанци, односно помалку или повеќе се уфилмани „Државни Планери“ кои мислат дека со политички механизми можат да создадат повисок животен стандард. Да трагедијата биде поголема, државата им дава дипломи дека тоа навистина го можат.
Слична епидемија од дипломирани „Кејнзијанци“ има и на Запад. Напикани се по сите можни државни институции, од Вашингтон и Брисел, па се то Токио…ретко кој од нив имал било каков бизнис во животот, огромен дел од нив не ни помирисале приватен сентор. Се што прават се произволни статистики и предлози каде да одат државните пари-отпечатени или собрани од данок.
Нормално, кога нивните алаш-вериш демагогии ќе пропаднат, тие НИКОГАШ за тоа не сносат одговорност, туку наоѓаат „Општествено Неодговорни“ жртви (оф-шор зони, земји со ниски даноци, корпорации кои не работат според нивните шеми, па дури и јавни личности кои ги осудуваат или едноставно мислат поинаку). Кејнизјанците се арогантни кон сите кои не го делат нивниот светоглед, и голем дел од тоа се должи поради академските титули, кои во главите им создаваат илузија дека имаат некакво „посебно знаење“.
Каматата е цена која ја плаќате за користење на туѓите пари. Како и секоја друга цена, таа може да оди надолу или нагоре, зависно од понудата и побарувачката. За цената на капиталот да падне, треба да се зголеми и понудата на капитал, тоа значи дека треба да има повеќе штедење. Повеќе штедење се добива кога луѓето трошат помалку на своите потреби, а луѓето трошат помалку на своите потреби кога конкуренцијата во индустријата и трговијата создава се поевтини и поевтини производи и услуги.
За сето ова да се случи, државата треба да се повлече од економијата, конкуренцијата да биде максимална меѓу сите производители и трговци, а даноците што е можно пониски.
Конкуренцијата е таа која ги руши цените, а конкуренти кои плаќаат ниски даноци, цените ги рушат уште повеќе, додека на луѓето им остануваат повеќе пари за заштеда…со што понатаму расте капиталот во банките и паѓа неговата цена (каматата).
Тоа е нормално и одржливо функционирање на економијата, кое се нарекува БИЗНИС ЦИКЛУС, и тоа подразбира дека ДЕФЛАЦИЈАТА ја движи економијата и го подобрува животниот стандард.
МАКРО-ЕКОНОМИЈАТА на Кејнз го заговара обратното, тоа е континуирано осиромашување на луѓето преку инфлација, и промоција на политичарите како наводни „спасители“ од истата инфлација.
Ете тоа е суштината на сите проблеми денес, од Банките во Америка, па се до Украина. Економијата е премногу во рацете на политичарите, а пак тие премногу им веруваат на приучените статистичари -Кејнзијанците.
Виктор Трифуновски
Колумните се лични ставови на авторите и Macedonian Business Hub се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Your point of view caught my eye and was very interesting. Thanks. I have a question for you. https://accounts.binance.com/en/register-person?ref=P9L9FQKY