Се зголемува ДДВ-то за струја од 10 на 18%
Од денеска повисоки сметки за струја за јули поради зголемувањето на ДДВ-то од 10 на 18 проценти. Надлежните утешуваат дека со блок-тарифите за пресметка на потрошената струја, ќе се спречи раст на цените.
Евтината тарифа на струјата ќе почне од први декември, во периодот од 13 до 15 часот. Од Регулаторна појаснуваат дека тоа е најраниот можен рок поради технички проблеми, додека други тврдат дека тајмингот е предизборен.