Прва извршна наредба на либертаријанскиот претседател на Аргентина е укинување на пола министерства!

Хавиер Милеи положи заклетва со што официјално стана претседател на Аргентина, која се соочува со големи економски проблеми.

Милеи веднаш ја потпиша својата прва извршна наредба како претседател, со која ги намали министерствата во аргентинската влада од 21 министерство на само 9 миинистерства, и почна да ја остварува својата либертаријанска агенда, со која победи на изборите.

Министерствата што ќе функционираат и понатаму се Министерство за безбедност, на чело со Патриша Булрих, Министерство за правда, каде министер ќе биде Маријано Кунео Либарон, Министерство за Економија, под водство на Луис Капуто, Министерство за Надворешни работи на чело со Дијана Мондин, Министерство за внатрешни работи со кое ќе раководи Гиљермо Франкос, Министерство за Здравство со Марио Русо и Министерство за одбрана каде министер ќе  биде Луис Петри.

И две нови министерства: Министерство за човечки капитал со кое ќе раководи Сандра Петовело и Министерство за инфраструктура каде министер ќе биде Гиљермо Фераро.

error: Content is protected !!