Се зголемува минималната плата во Албанија од јануари

Албанската влада, на предлог на Националниот совет за труд, донесе одлука со која од јануари се зголемува висината на минималната плата за 15,4 %.

Минималната основна плата на државно ниво ќе изнесува 245 евра (30.000 леки), што е зголемување за 15,4% или 32 евра од сегашните 213 евра (26.000 леки), колку што изнесуваше со одлуката од декември 2018 година.

Како што стои во владината одлука, овој износ на минимална плата, како и досега, се должни да го исплаќаат сите правни субјекти, односно домашни и странски фирми, а се однесува за 172 работни часови месечно во „нормални услови за работа”.

Образложувајќи ја одлуката, министерката за финансии и економија, Анила Данај рече дека е во насока на „одржување на животниот стандард на вработените”.

error: Content is protected !!