Министерката за труд Шахпаска: Нема жените да се пензионираат со 62 години туку сите ќе се пензионираат со 64 години
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во емисијата 24 анализа истакна дека во собраниска процедура во моментот се наоѓаат четири закони, законот за работни односи, законот за вработени во јавната администрација, законот за здравствена заштита и законот за врабнотени во високото образование.
-Сите четири закони претставуваат дел од закони кои предвидува пензионирање со 64 години и 15 години пензиски стаж. Тоа е основниот услов за одење во пензија. Не за жени со 62, туку за сите е 64 години. Овие четири закон ги предложија пратениците, но се кординиараа со нас. – рече министерката.
