Српски милијардер ќе прави пандан на Амазон и Али Експрес што ќе се вика Ананас

Еден од најбогатите Срби но и бизнисмен што често води судски битки во Србија, кој во 2019 година беше осуден нa две и пол години затвор за даночно затајување, Мирослав Мишковиќ започна огромен проект кој ќе го носи името Ананас, со кој ќе се обиде да направи пандан на Амазон на Балканов.

По повод 30 годишниот јубилеј на компанијата Делта, Мишковиќ соопшти дека има намера да ја пушти во употреба најголемата онлајн платформа на Балканот во првата половина од 2021 година.

Ананас е проект кој ќе чини 100 милиони евра и има за цел да биде лидер, каде што ќе ги земат најголемите експерти од ова поле од светот, изјави Мишковиќ во најновиот број на Неделник.

-Со финансиската сила и инвестициското искуство кое го има Делта, уверени сме дека можеме да создадеме регионален џин во онлајн трговијата. Ананас на корисниците ќе им понуди нешто, на што досега не сте навикнати во домашната трговија, а го имаат само најголемите глобални трговци како Амазон или Али Експрес. На почеток ќе биде покриена само Србија, но со намера за брзо време да бидеме присутни и на пазарите од поранешна Југославија плус Албанија, изјави Марија Цветковиќ од Делта Холдинг.

-За 30 години Делта оствари 24 милијарди приходи, работејќи во Србија, регионот, Кина и Русија а вработуваме преку 30.000 луѓе, изјави Мила Војвовиќ потпретседателка на Делта холдинг за финансии.

Според нејзе, од 2000 година до денес во буџетот на Србија, компанијата Делта уплатила 3 милијарди евра. А во 2020 година вкупниот приход на компанијата бил 511 милиони евра. А ЕBITDA-та на Делта изнесувала 46,5 милиони евра, а инвестирале 60 милиони евра.

Мирослав Мишковиќ пред околу 15 години беше заинтересиран да го купи земјиштето на на кое што денес се наоѓа денешниот Сити Мол.

142 thoughts on “Српски милијардер ќе прави пандан на Амазон и Али Експрес што ќе се вика Ананас”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!