Кој е човекот што купи 12.781 акции од ,,Гранит”?

„Гранит“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека претседателот на Управниот одбор на компанијата, Страшо Милковски се стекнал со акции од „Гранит“ АД Скопје.

-Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор Г-дин Страшо Милковски, се стекна со 12,781 обични акции од издавачот Гранит АД Скопје, стои во известувањето на „Гранит“ АД Скопје.

Според јавно достапните податоци Страшо Милковски во мај 2020 година кога имало избор на независни членови на Надзорниот одбор на друштвото, поседувал 8652 акции или 0,31% од акционерскиот капитал во „Гранит“ АД Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!