Шахпаска: За работа во недела трговските центри ќе плаќаат поголем данок и поголеми дневници
Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, изјави дека се разгледува можноста трговските центри да продолжат да работат во недела, но да плаќаат поголем данок и поголеми дневници за вработените.
-Три месеци ние како Влада разговараме, оваа дебата е навистина суштинска. Вклучени се и коморите и во текот на расправата произлегоа други размислувања и кога носите некоја мерка и проекција, вие мора да се соочите и со бројките и со реалноста. Разговарамме и со колегите министри и за работењето на трговските центри.
Анализите покажуваат дека 50 проценти од својот промет трговските центри го обавуваат во недела, тоа се серизони бројки и придонес во целокупната економија и во шопинг-туризмот. Секако ќе биде построго дефинирано работното време и со дополнителни критериуми во драфт-верзијата како обврски на сопствениците на продавниците за дополнителен данок за државната каса и дополнителен придонес кон работниците“, рече Шахпаска.
