„Рамстор-Македонија“ е продаден за 39 милиони евра преку бугарска компанија-мајка на скопска градежна компанија

„Рамстор-Македонија“ е продаден за 39,2 милиони евра преку бугарска компанија-мајка на скопската градежна компанија „Сити Плаза“,објави „Сињуз“.

Според „Сињуз“, турскиот гигантски синџир на супермаркети „Мигрос“ ја известил берзата во Турција дека потпишал договор за продажба на својата компанија „Рамстор-Бугарија“, неактивна компанија, која е 99% сопственик на Рамстор-Македонија, на градежната компанија „Сити Плаза“ од Скопје.

Договорот бил потпишан во вторникот, на 9 март, а зделката целосно ќе се реализира по добивањето дозвола за купопродажниот договор. Трансакцијата ќе биде завршена откако ќе добие правно одобрување, а приходите од зделката ќе бидат искористени за покривање на долговите на „Мигрос“.

„Рамстор-Македонија“ учествува со 1,2 отсто од консолидираниот промет на турски „Мигрос“ во 2020 година.

error: Content is protected !!