Во последните 2,5 години државните институции потрошиле над 8 милиони евра за набавка на нови возила

Според анализите на Центарот за граѓански комуникации, во последните две и пол години државните институции потрошиле над 8 милиони евра за набавка на вкупно 392 возила.

Или, возилата во просек чинат по околу 17.000 евра. Од невладината сметаат дека треба да се купуваат помалку возила бидејќи електричните се поскапи.

Дел од службените возила што ќе се купуваат во иднина да бидат на електричен погон. Со вакви инструкции премиерот Заев очекува државните институции да придонесат во заштита на животната средина.

Со воведување на еко таксата од компаниите и граѓаните треба да се одземат околу 55 милиони евра годишно.

error: Content is protected !!