Европските шампиони со Вардар, Карачиќ и Дисингер отворија компанија за канабис во Струмица

Поранешните соиграчи и некогашни европски шампиони со Вардар, Хрватот Игор Карачиќ и Германецот Кристијан Дисингер, станаа бизнис партнери, откако отворија компанија за одгледување медицински канабис во Струмица, пишува денеска порталот „Фактор“.

Поранешните вардарци сега се сопственици на фирмата „ИД Канабис Доо увоз-извоз Струмица“, без разлика што двајцата се уште се активни ракометари и тоа во полско Кјелце односно во Динамо од Букурешт.

Сопругата на Карачиќ и партнерката на Дисингер се сестри од Македонија. Хрватот дресот на Вардар го носеше во периодот помеѓу 2012 и 2019 година, додека Германецот настапуваше во Скопје во периодот помеѓу 2018 и 2021 година.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

145 thoughts on “Европските шампиони со Вардар, Карачиќ и Дисингер отворија компанија за канабис во Струмица”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!