ДЗС:Продажните цени на производителите на индустриски производи за една година пораснале за 15%

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар минатиот месец биле повисоки за 1,3% на месечно и за 15% на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во декември 2021, во споредба со ноември 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 10,8%, Енергија за 3,1%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,6%.

Податоците на ДЗС покажуваат дека во декември 2021, во споредба со декември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 34,8%, Интермедијарните производи, освен енергија за 20,5%, Капитални производи за 22,5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!