Битиќи:Септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра во енергетиката, а со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот 

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи за наесен најави завршување на преговорите за неколку големи инвестициски проекти во енергетиката со вкупна вредност од 2,3 милијарди евра. Тој посочи: „Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и инвестицијата отприлика е една милијарда евра“.

– Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и отприлика инвестицијата е една милијарда евра. Ќе има избори во Грција, знаеме дека таа компанија е со државен капитал и побараа тоа да не се совпадне со тамошните избори – рече Битиќи.

Вицепремиерот најави уште две стратешки инвестиции во енергетиката кои, нагласи, ќе бидат во обновливи извори и наскоро можат да се најдат во Собранието.

-Таму сме при крај со преговорите и големината е околу 1,3 милијарди евра. Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката – рече Битиќи.

Според него, при крај се и разговорите за влез на Француската развојна агенција со нови 50 милиони евра.

error: Content is protected !!