Ковачевски:Нема добиено државна помош фабриката за електрични возила, кога ќе почнат да градат тогаш ќе добијат
Фабриката за електрични возила во зоната во Тетово согласно со договорот нема добиено ништо како државна помош и нема да добијат помош додека не почнат со активности, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Фабриката Е-ГО која потпиша договор за изградба на фабрика во Слободната економска зона во Тетово има одредени барања во делот на парцелата со оглед на начинот на кој го организираат производството и затоа беа правени урбанистички промени, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање зошто доцни изградбата на фабриката на денешната прес-конференција во Владата.
Ништо немаат добиено како државна помош, додаде, бидејќи немаат започнато со градежни работи, ниту со пробно производство.
-Државната помош кај нас се добива скалесто и е поврзана со реализација на проект, потенцира Ковачевски.
Ова го изјави Ковечевски откако беше објавена информацијата дека германскиот инвеститор Некст.Е.Го Мобиле добил одобрување на државна помош од 42.585.856 милиони евра минатата година, според извештајот на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2022. Веста можете да ја прочитате на следнов линк:Владата одобри државна помош од 42 милиони евра за електричниот автомобил од Тетово – фабриката уште не започнала со активна изградба.